Започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено на 4 јануари, 2023 во 12:42

Исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември од претходната година, започна денеска, 04 јануари, 2023 година, соопштија од Министерство за труд и социјална политика.

Сите корисници на паричните права коишто поседуваат дебиитна картичка од денеска ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство започнувајќи.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

04.01.2023– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ

05.01.2023– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.