Затворен за сообраќај локалниот пат до Блаце, ќе се користи привремен пат пред граничниот премин

Објавено на 8 ноември, 2023 во 09:16

Од денеска ќе биде затворен за сообраќај локалниот пат до селото Блаце пред граничниот премин. Пристапот до Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин за што е поставена сообраќајна сигнализација.

Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека се воведува режим на сообраќај на овој патен правец поради градежни работи на автопатот А4, делница ГП „Блаце“ – Скопје (клучка „Стенковец“) подделница 1.

Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на два километри пред граничниот премин, сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од АМСМ соопштуваат и дека на патот село Извор – село Иванчишта сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.