Земал туѓи лични податоци преку „месинџер“, претставувајќи се како девојка, а потоа аплицирал за брзи кредити

Објавено на 6 октомври, 2021 во 15:24

СВР Кочани поднесе кривична пријава против 30-годишниниот П.С. од Струга, на издржување на затворска казна од седум години во затворот во Штип и против Н.Н.(28) од Штип.

Стружанецот остварил комуникација преку апликацијата „месинџер“ со лице од кочанско село и се претставил како ддевојка, по што успеал да го убеди да му ги даде сопствените лични податоци и податоците од неговата трансакциска сметка.

Полицијата информира дека потоа, двајцата пријавени како соизвршители аплицирале за брзи кредити и од две финансиски друштва им биле одобрени 76.500 денари.

Потоа, првопријавениот го довел во заблуда оштетениот дека парите се од „нејзини“ роднини од странство, оштетениот ги извадил од банка и ги дал на второпријавениот да ги предаде на П.С..

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.