Есенските посеви се спасија од измрзнување!
Земјоделците не треба да стравуваат од поларните температури.
Снегот кој деновиве падна во Повардарието беше добредојден за заштита на есенските посеви од ниските температури и е сосема доволен да нема измрзнување.
Агрономите сметаат дека промената на времето овие денови со повисоки температури и врнежи од дожд, ја стопија снежната покривка со дебелина од 2 см на сите земјоделски површини со што се подобри и влажноста во почвата, за успешно презимување на посевите и другите култури.
Според нив,земојделците воопшто не треба да стравуваат од досегашните температури на терен.
Ваквите временски услови практично го означија крајот на земјоделските работи на отворено, но од друга страна се создадоа одлични услови за примарната манипулација кај тутунот која се изведува во домашни услови а за што е потребна висока релативна влажност на воздухот што сега ја има.