Ќе се рециклираат употребените бебешки пелени за потребите на земјоделството!?
Не секогаш се е отпад. И употребените бебешки пелени можат повторно да бидат корисни.
Научник од Австралија открил начин за рециклажа на милиони тони искористени детски пелени. Тие содржеле хемиски спој кој може да ја зголеми способноста на земјата за подолго да ја здржува влажноста.
Исто така се разработувал моделот за да искористените пелени се претворат во хумус за збогатување на земјоделската почва.
Според овој научник од пелените се добивало натриумов полиакрилат кој може секогаш одново да ја апсорбира водата, што го прави корисен за подолгорочно решавање на проблемот на сушата со кој се судруваат некои подрачја, а на кои постојаното полевање им е редовен проблем. Ваквиот спој воопшто не бил штетен за природата и човекот потврдила науката.
