Заштита на виновата лоза од болести и штетници!
За време на развојот виновата лоза може да ја нападнат разни болести и штетници кои се закануваат да го уништат целиот род. За да се спречат ваквите појави, според агро стручњаците потребно е лозарите да ги употребат сите мерки за заштита, кои започнуваат веднаш по завршување на кроењето, отстранување на прачките и нивно палење.
Советите на земјоделските експерти се превентивно да се делува против: црната дамкавост, пепелница, бактериози и др. Уште во фазата на мирување препорачливо е да се употребуваат бакарните препарати Нордокс или Купраблу – З. Додека од инсектициди во овој период треба да се користат: бело и црвено масло.
Откако ќе разлисти лозата, се до прошарување на грозјето, заштитата во лозјата е против следните болести: пламеница, пепелница, сиво гниење на грозјето, црвена палеж на лисјето и разни бактериози.
За заштита од пламеницата во време на вегетација на лозата се користат фунгицидите: Антракол ВП-70, Антракол комби, Микал премиум-Ф, Микал флеш, Профилер и др.
Заштитата од црната дамкавост, црвената палеж на лисјето и сивото гниење на грозјето се вршува со истите фунгициди кои се користат како и за пламеницата.
За уништување на штетници во лозјата се употребуваат следните инсектициди: Конфидор, Бета бајтроид, Фастак, Кинг, Дурсбан Нурел, Моспилан, Актара и др.
Агроекспертите советуваат дека бројот на прскања на лозјата со средства за заштита во периодот на нивна вегетација зависи од временските услови. Во врнежливи години прскањето е поголем проблем додека во сушни помал ризик. Земјоделците средствата за заштита треба да ги користат според упатствата на производителите./Б.Н.Т