Совети за сточарите: Обезбедете доволно вода за стадото!
Овој месец задолжително треба да земете крв за контрола на бруцелоза, а овците хранете ги со одржана дажба за да можат да ја одржуваат тежината на одредено ниво.
Експертите советуваат дека оние овци кои не биле во можност да го повратат поголемиот дел од тежината кој го изгубиле за време на молзењето можат да се хранат во текот на првите две третини од бременоста малку повеќе од потребите за одржување,додека подобро треба да се хранат овците кои можат да ја одржат тежината .
Исто така овој месец во одредени региони во земјата се практикува стрижење на овците а за овните за да бидат подготвени за парење треба да се грижете преку целата година.
Исто така во наредниот период ќе доаѓа до постојано зголемување на температурите и затоа особено треба да се посвети внимание за стадото да се обезбедат постојано и доволни количини вода за пиење,за која треба да се води сметка истата да не биде многу студена зошто во тој случај ќе се добие и помало производство на млеко.