Презентација на машини за лозарите и овоштарите!

Објавено на 22 мај, 2013 во 11:13

Вчера и денес најпознатиот производител на земјоделски машини Агрофер САС Италија, за земјоделците во Неготинско  врши презентација на своите машини за лозарство и овоштарство.

Денешната презентација на која во поголем број беа производители на грозје и сопственици на овоштарници ја изврши сопственикот на компанијата Агрофер САС ,Симоне Зенегаглија и неговиот помошник Горан Бржан, а присуствуваше и претставник на Агровојводина механизација НС,компанија која ќе биде ексклузивен дистрибутер на овие машини во Македонија.

Зенегаглија пред присутните рече дека овие машини за редова и меѓуредова обработка на лозје и овоштарници се еколошки, високо ефикасни и со нивната употреба се избегнува можноста за неквалитетна обработка на лозјата и овоштарниците.

Според него овие машини можат да се прикучат на секој трактор над 35 кс. Машините имаат ЕУ потекло и можат да бидат кофинансирани од ИПАРД програмата./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.