До средината на јуни млекопроизводителите можат да аплицираат за субвенции!

Објавено на 4 јуни, 2013 во 13:05

До 15 овој месец млекопрозводителите можат да аплицираат за субвенции за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко од јануари до април годинава, информираа денеска од  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар и дополнителни 15 проценти за млеко произведено на одгледувалишта со надморска висина поголема од 700 метри.

Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде е извршена регистрација на земјоделското стопанство.

Како доказ за продадено млеко се доставуваат откупни белешки издадени од преработувачки капацитети запишани во регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.