Врнежите се причина за појава на пламеница кај градинарските култури!

Објавено на 9 јуни, 2013 во 09:09

Овој период е особено опасен за компирот и доматите. Болеста пламеница е најштетната болест за овие две градинарски култури а симптомите се јавуваат на листот, плодот и стеблото, при што доаѓа до нивно брзо пропаѓање, кое подоцна резултира со одумирање на целото растение.

Во заштитен простор почетни симптоми се јавуваат на младите листови и плодови на врвовите на растенијата каде кондензира роса и капе вода од таванот на фолиите.

Почесто симптомите се изразени на младите делови на растението кои се почувствителни. Капка вода или воздушна влага над 90% и оптимална температура од 17-230 С, се основни услови за ртење на конидиите и остварување на инфекција во период на 6-12 часа.

Со помош на ветер конидиите брзо ја шират пламеницата во самите посеви, како и во соседните фолии и ниви на поголемо растојание. На отворено, првите симптоми на пламеница се јавуваат по работ на долните листови, поради зголемената влажност покрај почвата и близината на изворот на зараза.

Поради ненадејните напади и брзото пропаѓање на растенијата, сузбивањето на пламеницата е доста  тешко и чини многу пари. Затоа се препорачуваат комплексни и правовремени превентивни мерки кои ќе спречат појава и развој на оваа штетна болест.

Со превентивни прскања треба да се почне уште во текот на одгледување на расадот и да се продолжи со третирање и по неговото расадување .При појава на први симптоми се препорачуваат 2-3 ударни прскања на 5-7 дена со максимална концентрација 0,35% за да се спречи понатамошно ширење.

Во периодот на зреење и берби најдобро одговара фунгицидот Квадрис, кој има долготрајно делување./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.