Месец јуни со полни раце работа за градинарите!

Објавено на 29 јуни, 2013 во 06:52

Зголемувањето на температурите секојдневно покажува дека на добитокот и на растенијата за да ги минат полесно летните горештини ќе им биде потребна поголема нега.

Во градината овој период е потребно често полевање но и окопување на дрвцата и растенијата. Редовно треба да се коси и залева тревата,да се вадат луковиците од лалињата зумбулите откако ќе им пожолтат лисјата а прецветаните цветови од цвеќињата треба да се извадат. Во овој месец не ретко се појавува и болеста лисна вошка па затоа препорачливо е внимателно да се следи состојбата.

Чистење на плевелите и залевање на градинарските култури се многу потребни во градината со зеленчук на кој треба да се врши и редовна прихрана а треба да се изврши и заштита од болести.

Месец јуни го означува стартот на бербата на раната зелка,салатите а оние леи кои ќе се ослободат се подготвуваат за сеење на доцен зеленчук.

Во овоштарниците интензивно привршува бербата на цреши а во полн ек  е берењето на праски и вишни. Јуни е поволен за да изврши проретчување на плодовите од јаболката и крушата за да се добие квалитет но и квантитет. А продолжуваат и активностите за борба против болестите и штетниците.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.