Дојче веле: Поплавите ги качуваат цените на земјоделските производи
Дел од земјоделските производи на пазарите веќе поскапеа, а цените се очекува допрва да растат по невремето и поплавите во регионот. Граѓаните негодуваат, трговците тријат раце, јави Дојче веле.
Во моментов на пазарите е евидентен порастот на цените на дел од раноградинарските култури како на пример доматите кои во зависност од пазарот се продаваат и по 100 денари за килограм што е драстично поскапо во споредба со лани. Повисоки цени, ако веќе не поскапеле, се очекуваат и за краставиците, зелката, пиперките.
„Поскапено е како не! Еве прошетајте по тезгите ќе се уверите и сами. А допрва се најавуваат и повисоки цени поради овие поплавите во регионот, а и кај нас имаше невреме. Ќе видиме, чувај боже! Многу е скапо, потрошив четири стотки а еве не наполнив ни две кесиња, коментираат купувачи на еден од скопските пазари.
Освен крајните потрошувачи зголемувањето на цените го чувствуваат и трговците што се занимаваат со откуп и извоз, но тие тријат раце:
„Проблеми нема но откупните цени ќе одат нагоре. Побарувачката во регионот веќе влијае. Сигурно е дека цените ќе се зголемат за минимум 10 до 15% во споредба со истиот период лани. За нас тоа е добро бидејќи работиме исклучиво за извоз. Количини има, а освен Украина, Русија, веќе имаме побарувачка и од земјите во регионот, коментира за Дојче веле Кире Шошев сопственик на земјоделското претпријатие „Душан Ќириќ“ од Росоман.
Текстот во целост прочитај го тука.
