Манифестација „Ден на одгледувачи на овци и кози“ по девети пат на Бистра
Во Маврово на 3-ти август ќе се организира манифестацијата “Ден на одгледувачите на овци и кози”. По деветти пат, на падините на Бистра ќе се соберат овчарите, производителите на млечни производи на интересен начин да ја презентираат својата работа и да го потенцираат значењето на гранката со која се занимаваат.
Како и секоја година на манифестацијата ќе се одржат натпревари во молзење и стрижење овци. Освен тоа посетителите ќе имаат можност на изложба да видат локални соеви на овци и кучиња од расата шарпланинец. За гостите нема да изостане вкусувањето на овчарското гравче правено во казан, а планирана е и културно-уметничка програма.
Како настан „Денот на одгледувачите на овци и кози“ во Маврово за прв пат беше организиран во 2005-та година. Има за цел промоција на овчарството и предизвиците со кои се соочуваат одгледувачите.
Манифестацијата во организација на Регионалното здружение на одгледувачи на овци и кози од западна Македонија се одржува под подкровителство на Министерството за земјоделство, општина Маврово и Ростуша, Факултетот за земјоделски науки и Националниот парк Маврово.