Шеќерната репка заборавена
9.000 денари субвенции за хектар кои ги дава државата сепак немаат големо влијание кај земјоделците да ја засадат на своите површини зашто како што велат тие,цената по која се откупува овој земјоделски производ е нерентабилна и неприфатлива за нив.
Шеќерната репка интересот кај земјоделците го загуби пред 5-6 години па затоа од нашата држава на годишно ниво сега излегуваат околу 40 милиони евра за увоз на шеќер. Интерес за одгледување на шеќерна репка според експертите,нема зашто нема и организиран откуп за неа. Само за споредба најголемо производство на шеќерна репка кај нас имало во 1989 година кога биле произведени околу 153.000 тони.
За земјоделците кај нас ,производството на шеќерна репка е неисплатливо.
– Направете споредба,еден килограм шеќер кај нас чини од 30 до 40 денари за килограм а репката чинеше само десет проценти од оваа цена за килограм,па каде се нашите трошоци. Ако не се направи некоја корекција во откупната цена,тешко дека репката ќе се врати на нашите ниви,велат земјоделците.
-Субвенциите не се за потценување ама сепак откупната цена е мала а згора на тоа и кај нас во Тиквешијата отсекогаш бил слаб интересот за нејзино производство,сепак доколку се направи нешто околу цената може и да почнеме да размислуваме за тоа,вели нашиот соговорник Илија од с.Тремник.
Во минатото годишно во Пелагонскиот регион оваа култура беше водечка во земјоделското производство,зашто со својата употреба во сточарството,плодоредот и бројната работна рака беше вистински бенефит за земјоделците.
Пред околу 4 години од Министерството за земјоделство најавија оптимистичка кампања за повторно враќање на шеќерната репка на македонските ниви,со субвенции од 9000 денари за хектар но сепак не излезе ништо од нивните очекувањата, зашто земјоделците и покрај ова не покажаа интерес за нејзино одгледување.