Нема договор за цената за грозјето

Објавено на 14 август, 2014 во 14:58

На средба во Министерството за земјоделство, лозарите и винарите не успеаја да ја договорат откупната цена на грозјето сезонава. Разликите меѓу производителите и откупувачите на грозје не се надминати.

Лозарите годинава бараат повисока цена за два денари од килограм за да се компензира за помалото производство и штетите предизвикани од пепелницата. Тие инсистираат на цена од 11 до 13 денари за килограм „смедеревка“ и 13 до 15 денари за сортата „вранец“. Винарските визби, пак, инсистираат на иста откупна цена како лани.

Заради неповолните временски услови, родот на грозје годинава ќе биде преполовен, а допрва се очекува да се види и квалитетот на грозјето.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.