Бугарија со вакцина против болеста син јазик
Објавено на 20 октомври, 2014 во 09:00
Бугарија на пролет ќе спроведе бесплатна вакинација на животните против болеста “син јазик”. За бесплатно да бидат вакцинирани, животните мора да бидат означени.
Ова, според Агенцијата за храна и ветеринарство, е единствениот начин да се сопре ширењето на болеста. Со заладување на времето, случаите на новозаразени животни во планинските области се ретки.
Во Сливенската област има околу 20.000 болни животни. Од болеста досега пцовисале 2 400 животни. Предвидено е земјоделците да добијат надоместок во износ од нешто над едно евро по килограм жива мера.