Субвенции и за специјализирани продавници за вино

Објавено на 27 октомври, 2014 во 16:54

Десет специјализирани и унифицирани продавници за вино треба да бидат отворени во девет македонски градови со поддршка од државата, која ќе субвенционира дел од трошоците за опремување, за закуп на просторот, како и платите на вработените во период од три години.

Две продавници треба да се отворат во Скопје, и по една во Охрид, Берово, Кавадарци, Штип, Струмица, Прилеп, Битола и Крушево. Огласот е веќе објавен и ќе трае до 30 ноември годинава.

Ќе  се покриват  50 проценти од трошоците за внатрешното опремување на продавницата, но не повеќе од 1.500.000 денари по продавница, 50 проценти од трошоците за закупнина за просторот во кој ќе функционира продавницата, и тоа во период од 3 години, но не повеќе од 30.000 денари месечно или околу 500 евра месечно по единица продавница. Во истиот временски период ќе обезбеди и плати за вработување по две лица во овие продавници во висина од просечната плата исплатена во дејноста.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.