Ќе доцни зеленчукот од струмичко, нивите и понатаму под вода

Објавено на 5 март, 2015 во 16:21

Новите врнежи од дожд во струмичкиот регион им создадоа дополнетелни главоболки на раноградинарите од струмичко. Не можат да влезат во нивите ниту пак да го расадат зеленчукот под пластеници.

Добар дел од обработливите површини и понатаму се под вода, а други пак со значителна влажност. Од таа причина, пролетното производство на зеленчук под пластеници и на отворено во овој регион годинава, ќе доцни за најмалку еден месец.

Раноградинарите тврдат дека со дозната сеидба на зеленчукот тие нема да бидат конкурентни на пазарите од поранешна Југославија и дека последиците од поплавите долгорочно ќе се чувствуваат.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.