Фактор: Новите дождови нов проблем за аграрот, земјоделците бараат да се забрза постапката за обештетување
Земјоделците бараат Комисиите за проценки од штети да ја забрзаат проценката на штетите од поплавите и да започне обештетувањето. Дополнително укажуваат штом завршат проценките, државата да ја забрза и процедурата за помош од Европската Унија. Од земјоделските здруженија велат дека секоја помош е добредојдена без разлика за каков вид на помош се работи. Според земјоделците обештетувањето нема во целост да ги покрие штетите, но сепак ќе ги ублажи загубите, пишува Фактор.
Новите дождови повторно предизвикаа пробелми во Пелагонискиот регион. Новаци и Могила повторно најпогодени, а поплавени се над 1000 хектари земјоделска површина. Зголемен е водостојот на Црна Река, која вчера ги проби насипите кај Лозово и се излеа во околните ниви. Поплавени се и површини во атарите на Вашарејца, Ношпал, Могила и Тополчани.
-Овие нови дождови донесоа и нови проблеми во битолскиот регион. Проценките сеуште не се готови, но штом завршат треба побрзо да се почне со обештетувањето и да се аплицира за помош од ЕУ. Новите дождови значат и двојно поголеми трошоци за губриво, семе, повторна обработка на површините, затоа обештетувањето е добредојдено за да до некаде ги амротизира штетите. Дополнителни сите земјоделски активности се пролнгираат. Во штипско проблем направија првите поплави, сега новите дождови не предизвикаа штети, вели Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци.
Текстот во целост прочитај го тука.