Земјоделци реагираат на голем увоз на месо
Нервозни земјоделци на отворенот ден на Агенцијата за храна и ветерина во Пехчево.
„Ние збориме за земјоделие, најтешката ситуација. Значи гранката од која некои луѓе треба да опастанат. Овие што доаѓаат зборуваат дека ние најголеми увозници на месо по глава на жител“, вели еден од земјоделците.
Освен ова, земјоделците од Пехчево прашаа и за доцнењето на вакцините за стоката, но и за честите инспекции, за квалитетот на ушните маркички кои постојано паѓале, а сточарите како што велат, постојано ги плаќаат.
Првиот човек на Агенцијата, Зоран Поповски истакна дека вакви проблеми за првпат се пријавуваат од земјоделците:
„Да се види дали реално ги имаат тие проблеми, но и во кој обем се проблемите. За превентивата не би зборувал предвреме, бидејќи знам дека навремено се применува. Во однос на ушните маркици и тоа треба да се провери, од една изјава од одредени сточари ќе се види бидејќи во другите градови не слушнавме за вакви проблеми“.
Инаку, Поповски најави отворање на три големи пазари за производи од Македонија, Русија, САД и Кина и за таа цел земјоделците мора да ги пчитуваат стандардите за производство.“