Органска храна – да, но сеуште непозната кај нас!
Органската храна кај нас ја има но, сеуште не е доволно позната иако површините на кои таа се одгледува од година во година се повеќе се зголемуваат.
Здравата храна најчесто се продава на пазарите но не се купува многу затоа што е со повисока цена од „обичната“.
Иако во светот се повеќе се бара овој вид на храна сепак во нејзиното производство ние сме далеку од Европа.
Македонските прозиводители на органска храна тврдат дека најголем проблем со кој се сретнуваат е недостигот на семенски материјал за житарици и зеленчук.
„Луѓето кои купуваат органска храна, ја земаат само ако знаат од кого ја купуваат, кои се методите на производство и нејзиниот квалитет“,велат производителите.
Некои тоа го прават заради тоа што е во тренд, други заради здравје а трети пак затоа што им се повкусни овие производи.
Цените на производите кои се од органско потекло се повисоки од оние класичните така на интегралното брашно од 500 грама се продава за 50 денари, 250 грамски леб се продава за 50 денари, доматна салца 45 денари за 270 грама, мед 360 денари за тегла од 900 грама, килограм компир за 40 денари, килограм козјо сирење за 440 денари и козји кашкавал за 750 денари.
На повисоките цени на храната од органско производство секако дека имаат влијание пазарните принципи за безбедноста на органските производи за потрошувачите, квалитетот и побарувачката за органска храна а понудата е со помало влијание на висината на цената.
Органското производство во Европа зазема 10 милиони додека во Македонија тоа е на површина од околу 7000 хектари.
Од европските земји најмногу површини за органско производство имаат Италија, Шпанија, Франција, Англија и Германија.
Најголеми потрошувачи на органска храна се жителите на САД и Европа а забележителен пораст на потрошувачката во последно време е забележана и во земјите на Далечниот Исток./Б.Н.Т
