Земјотрес со јачина од 3,1 степен во Охрид
Објавено на 31 мај, 2023 во 11:52

Во Охрид денеска е регистриран земјотрес од 3,1 степен според Рихтеровата скала.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека земјотресот се случил во 10:14 часот.
Почувствуван е во Охрид и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала и со интензитет од III степени од населението во Ресен, Струга, Вевчани.
Дума.мк
