100-годишна жена се запишала на часови по информатика: Со задоволство учам
Маргарет Грифитс од Инишир вели дека се запишала на неделни курсеви за да го задржи својот ум активен. Родена во 1921 година, Грифитс ја започнала 40-годишната кариера во основното училиште Cwmlai Tonyrefail, пред на крајот да стане директорка во основното училиште Whitchurch во Кардиф.
Таа рече дека си ветила дека секој ден ќе научи нешто ново.
„Го поминав животот во светот на образованието, а учам и денес. Никогаш не престанав“, признала таа.
Но, таа се пензионирала пред воведувањето на компјутерите и почувствувала дека „пропуштила многу“.Сега учи информатика во Порт Плаза, библиотека која нуди пристап со инвалидска количка и нуди часови, шест дена во неделата.
Г-ѓа Грифитс пораснала сакајќи да биде учителка, но рече дека Втората светска војна ги одложила нејзините планови, пишува Би-Би-Си.
„Сè тргна наопаку кога изби војната, дури и колеџот во кој требаше да се запишам беше бомбардиран“, рече таа.
„Значи, морав да барам дополнително образование на друго место во земјата.
Таа, исто така, направила петгодишна пауза од наставата за да патува низ светот со нејзина роднина, посетувајќи ги САД, Нов Зеланд, Австралија, Сингапур, Северна Африка, Канада и Хаваи.
„Го видов светот и имам прекрасни спомени од тие неверојатни пет години, но потоа се вратив дома во Велс за да водам нормален, помирен живот“.
„Не знам што ме чека во иднина, но имам намера да го правам тоа што го работам онолку долго колку што можам. Сè уште се едуцирам, дури и на мои години, и секогаш сум среќна што учам. Сите студенти се помлади од мене, но јас навистина уживам во подучувањето и дружењето“, рече таа.