Деликатес за оние што се под стрес: Палачинки од какао со карамела

Објавено на 16 ноември, 2022 во 09:55

Овој чудесен прав содржи голема количина на флавоноиди, кои ги зајакнуваат когнитивните способности и го чуваат менталното здравје, како и магнезиум што ве штити од депресија. Поради овие причини, треба да ги направите палачинките од какао со карамела.

Состојки:

-350 мл млеко

-три поголеми јајца

-50 грама путер

-две лажички ванила

-50 грама шеќер

-прстофат сол

-100 грама брашно

-40 грама какао во прав

-карамел сос, кикиритки

Подготовка:

Млекото, јајцата, растопениот путер, ванилата, шеќерот и солта се матат со миксер. Потоа, додадете го просеаното брашно и какаото, сè убаво соединете, па оставете да отстои половина час.

Потоа во тава со малку загреано масло пропржете ги палачинките од добиената смеса, да поруменат од двете страни.

Сервирајте на чинија, прелијте со сосот од карамела и додадете ги сечканите кикиритки, свиткајте ги и уживајте во нивниот единствен вкус.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.