Делови од телото кои никогаш не треба да ги тетовирате
Колку и да сте љубител на тату – уметноста и тетоважите, подобро е да оставите некои делови од телото „недопрени“. Тетовирањето е тренд чија популарност не опаѓа, туку напротив се повеќе расте. Истражувањата покажуваат дека околу 43% од луѓето прават тетоважи со симболика кон своите сакани , а за 37% од нив тие се „стилски додаток“ во форма на мотиви што ги сакаат или некои цитати.
Колку и да е популарно и безбедно тетовирањето, има места каде што никогаш не треба да се прават тетоважи.
Лактите
Експертите не препорачуваат тетоважи на лактите бидејќи мастилото е тешко да се задржи бидејќи кожата на лактите е подебела така што ќе треба многу повеќе поминување со тату – игла со мастило. Исто така, ако лактите ви се природно суви постои голема можност тетоважата брзо да исчезне.
Под пазувите
Пазувите се веројатно најлошите места за тетоважа поради чувствителноста, па тетоважата веројатно би била неподносливо болна.
Колена и зад колената
Кожата на коленото, како и онаа зад коленото е исто така многу чувствителна и има многу нервни завршетоци, па затоа процесот на тетовирање би бил болен и непријатен.
Прсти и дланки
Многу популарни места за тетоважи, но експертите велат дека не е препорачливо да се тетовираат прсти и дланки бидејќи овие места се секогаш директно изложени на сонце, па тетоважата на нив може многу брзо да исчезне. Покрај тоа, тетоважите на страните на прстите често бледнеат и тетоважата за само некој месец ќе изгледа многу лошо..
Ребра
Тетоважите на ребрата може да изгледаат одлично, но болката, велат експертите, е многу голема, а процесот на опоравување може да трае долго. Кај жените, заздравувањето може да трае многу подолго поради носењето на градник, кој може и дополнително да ја иритира областа.
Лице
Покрај чувствителната на кожа на лицето и бројните нервни завршетоци, мајсторите за тетоважа велат дека тетоважата на лицето веројатно ќе трае само две до три години поради секојдневното миење на лицето и изложеноста на сонце.
Ако навистина се одлучите да го тетовирате лицето, дефинитивно треба да користите крема со фактор на тетоважата. Исто така, тоа е тетоважа што никогаш не можете да ја скриете – затоа треба добро да размислите дали е соодветна за вас во сите животни ситуации што ве очекуваат.
Глуждот и потколеницата
Поради триење кое настанува при носење на чевли и чорапи, областа на глуждот и долниот дел на ногата не е „благодарна“ за тетовирање бидејќи светлите бои на тетоважата брзо се губат. Исто така, болката е приближно иста како и кај тетоважите на ребрата, пишува Bright Side.