Драматична реакција на куче бидејќи не го добило тоа што го сака (видео)
Објавено на 8 ноември, 2022 во 10:13

Кучињата од расата златен ретривер се неверојатно дружељубиви и поради тоа се едни од омилените домашни миленици на многумина. Но, дел од нив знаат да бидат и прилично драматични кога нема да го добијат тоа што го сакаат… Се разбира, на забавен начин.
Очигледно, златниот ретривер Коби не знае да ги сокрие своите чувства. Откако не го добил тоа што го сакал, драматично легнал на каучот и им дал до знаење на своите сопственици дека не е задоволен со нивната одлука.
„Мислев дека само мојот златен ретривер регира вака. Преслатко!“, „Нашиот ретривер фрла и перници од каучот“, „И моето куче се лути кога не му дозволуваме да јаде со нас на маса“, велат дел од корисниците на Тик-ток.
