Google наполни 23 години

Објавено на 27 септември, 2021 во 10:14

Google денеска полни 23 години и го слави својот роденден прикажувајќи роденденска торта со свеќи на првата страница од пребарувачот. Формирањето на компанијата започна во 1997 година и официјално беше основанa на 27 септември 1998 година.

Ко-основачот Сергеј Брин, кој беше дипломиран студент на Универзитетот Стенфорд во 1997 година, се сретна со другиот ко-основач, Лери Пејџ, кој во тоа време размислуваше да се запише на универзитетот.

До следната година, тие веќе градеа интернет пребарувач во нивните соби и развиваа прототип.

-Секој ден имаме милијарди пребарувања на Google на повеќе од 150 јазици низ целата планета, објавено е на блогот на Google по повод 23 -от роденден.

Компанијата потсетува дека напредува од првиот сервер на полицата, направен од детски коцки, до сервери во над 20 центри низ светот, но дека мисијата останала иста – секој да има пристап до информации.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.