Божјото писмо на Анштајн продадено за три милиони долари
Објавено на 27 октомври, 2012 во 19:16
Прочуеното писмо на Алберт Ајнштајн, кое беше на аукција,купено е пред неколку дена. Го купил анонимен аукционер, преку сајтот „Ebay“, за 100 долари повеќе од почетната цена од три милиони долари.
Како што објави сајтот „Ebay“, постоеле само две понуди за овој историски документ, што ги разочарало сопствениците на оваа аукциска куќа, кои очекувале почетната цена од три милиони да се зголеми тројно. Но како и да е, анонимните продавачи на писмото заработиле доста добро бидејќи во 2008 година за ова писмо тие платиле само 404.000 долари.