Лејди Гага : Папрат !
Поп пејачката Лејди Гага која постојано ги привлекува медиумите, не успеа да ги заобиколои и научниците. Благодарение на фановите од Универзитетот „Duke“ еден цел род на папрати го доби своето име по Лејди Гага. Деветнаесет видови на папрати од Централна и Јужна Америка, Мексико, Аризона и Тексас припаѓаат на новиот „ГАГА“ род. Родот кој е именуван според пејачката претставува група од повеќе слични видови на папрати. Во новиот род се вклучени и две сосема нови видови на папрати, „Gaga Germanota“ (Germanota е презимето на пејачката), кој е пронајден на Костарика и „Gaga monstrapava“, откриен во Мексико.
„Сакавме овој род да го именуваме по Лејди Гага затоа што скоро секој е нејзин фан, а и затоа што она се бори за еднаквост и индивидуално изразување,“ вели биологот Каthleen Pryer, директор на хербариумот на универзитетот „Duke“.
Видео:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=V1g8DASNrbE{/youtube}