Кој е вистинскиот парфем за вас?
Многумина сметаат дека парфемот го отсликува вашиот карактер и затоа е многу важно каков избор ќе направите. Еве неколку работи кои ќе ви помогнат при избор на вистинскиот парфем.
Околу 30 минути откако ќе го нанесете парфемот ќе го почувствувате неговиот вистински мирис,што значи дека треба малку да почекате за да видите дали тој ви одговара.
Малку повеќе парфем слободно можете да ставете доколку имате сува кожа.
Кога ќе купувате парфем не треба на себе да имате ставено друг парфем зашто ќе се измешаат мирисите.
Кога ќе нанесете парфем на кожата не треба да се тријат зглобовите зашто тоа може да предизвика оштетување на состојките и ќе се промени мирисот на парфемот.
Мирисот на парфемот на ладно се намалува затоа во зимскиот период најдобро е да користите парфеми со посилен мирис..
Исто така не треба да прскате парфем на бижутерија или пак на бисерен накит зашто алкохолот, кој го има во парфемот, може да предизвика нивно оштетување.