Како до убави трепки?
Секој од нас кога купува козметички производи се прашува,дали се добри,ќе го постигнат ли саканиот ефект,дали се безбедни? Затоа за да се направи нешто за свое добро,за убави трепки често се употребуваат природни состојки дома. Што е потребно да се направи рецепт за убави трепки?
При рака да имате шише стара маскара,мала сад за мешање на состојките,масло од рицинус,бебешко масло или масло за коса со витамин Е,кокосово масло,маслиново масло, гел алое вера, вазелин,глицерин и вода од ружи.
Начин на подготовка : Во садот ставете малку рицинусово масло,додајте малку гел од алое вера,неколку капки глицерин,6 капки кокосово масло,неколку капки бебешко масло и неколку капки маслиново масло и на крај се додава малку вазелин за да се згусне смесата.
На крај на смесата додадете вода од ружи и мешајте се додека не добиете прекрасен мирис. Ако стане премногу течна смесата додадете уште малку вазелин,затоа треба водата од ружи да се додава полека капка по капка. Откако ќе се измеша добро смесата се префрла во исчистеното шишенце од старата маскара. Ефектот од состојките е издолжување,раст,омекнување,заштита и издолжување на трепките,како и нивно навлажнување. Веќе по еден месец од редовно нанесување на лекот ќе добиете ефект на подолги,поцврсти и поубави трепки.
