Роберт Патинсон и Кристен Стјуард очекуваат дете
Објавено: 28 ноември, 2012, во 19:59 часот Кристен Стјуард е бремена. Како што пренесуваат странските медиуми, ѕвездите на филмот „Тwilight“ очекуваат нов член во фамилијата.
Парот сеуште не ја потврдил оваа информација, но според тврдењата на блиски пријатели, Кристен е во вториот месец од бременоста и сака да се омажи пред породувањето.
Роберт сеуште не е сигурен во својата одлука, дали треба да и прогледа низ прсти на својата девојка за изневерувањето. Поради ова не е сигурно дека венчавката ќе се случи. Но, и покрај тоа Кристен започна со разгледување на работи кои би ги купиле за своето дете.
