Поранешен телохранител го тужи Џастин Бибер поради насилство!
Објавено на 11 јануари, 2013 во 13:11
Поранешениот телохранител, Моше Бинабоу, го тужи популарниот поп пејач Џастин Бибер поради насилство кое над него наводно го применувал младиот пејач.
Моше Бинабоу е поранешен израелски војник и телохранител на Џастин Бибер.
Бибер заврши на суд затоа што Бинабоу тврди дека пејачот викал на него и дека неколку пати го удрил по градите.
Според оштетата која ја бара поради физичко насилство, исто така сака да му се исплатат 420.000 долари за прекувремена работа.
Луѓето кои работат во тимот на познатиот пејач велат дека станува збор за поранешен работник кој се досетил на чуден начин да дојде до пари.
