Жената која тврдеше дека го изгубила слухот на концертот на Џастин Бибер го изгуби спорот!

Објавено на 21 јануари, 2013 во 12:22

Популарниот пејач го доби судскиот спор во кој една жена го тужеше за трајно оштетување на слухот на негов концерт и за тоа бараше оштета од девет милиони долари.

Стејси Бетс поднесе тужба во која истакна дека ја носела својата ќерка на концертот на Џастин во јули 2010 година кога таа претрпела трајно оштетување на слухот.

Оваа самохрана мајка го тужеше Бибер, неговата издавачка куќа и организаторите на концертот, при што бараше девет милиони долари оштета.

Стејси тврдеше дека и пукнале ушните тапанчиња од врескањето на девојчињата на концертот, при што сега постојано и ѕвони нешто во ушите, а за сето тоа го обвинуваше Џастин кој излегол на сцената и со своите раце им давал знак на присутните да врескаат уште повеќе.

Судот ја одбил нејзината тужба зошто Стејси немала медицински докази за да ја потврди приказната. Ова не е прв случај за обид да се намали сметката на младиот Џастин, пред неколку недели неговиот поранешен телохранител го тужеше за малтретирање и нанесување на повреди, но и тоа обвинение не се засноваше на докази.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.