Мадона женски изведувач со најголема заработка на турнеите!
Објавено на 26 јануари, 2013 во 14:24
Поп пејачката Мадона е прогласена за женски изведувач кој најмногу заработил на турнеите до сега.
Пејачката на последната турнеја заработила 305 милиони долари на благајните ширум светот и се пласирала на 10 тото место на Билбордовите листи за турнеите со најголема заработка. Турнејата Мадона ја започна на 31 мај 2012 година, во Израел, а ја заврши на 22 декември во Аргентина. Мадона настапувала 88 дена во текот на турнејата.
Турнејата „MDNA“ ја заврши по нејзината турнеја „Sticky & Sweat“ од која Мадона заработи 408 милиони долари а ја одржала во 2008-2009 година.
