Барбра Стрејсенд ќе настапи на доделувањето на оскарите!
Објавено на 31 јануари, 2013 во 13:54
На годинешното доделување на Оскарите кое ќе се одржи следниот месец, пејачката Барбра Стрејсенд ќе го има својот прв настап по повеќе од 36 години.
Барбара има добиено оскар за најдобра оргинална песна за „Evergreen“ во 1977 гоина, а на тоа доделување настапила со главната песна од филмот „A Star Is Born“.
Исто така има добиено Оскар за најдобра женска улога во филмот „Funny Girl“ од 1968 година.
Амерканската Академија за филмски уметности денес објави дека и британската пејачка Адел ќе настапи на годинешното доделување на Оскарите.
Песната од најновиот филм за Џејмс Бонд „Skyfall“ е номинирана за најдобра оргинална песна.
Осумдесет и петтото доделување на Оскарите ќе се одржи на 24 февруари.
