Поранешната асистентка: Морав да спијам со Лејди Гага

Објавено на 3 февруари, 2013 во 12:18

Џенифер О Нил, поранешната лична асистентка на Лејди Гага, која ја тужи пејачката за неисплатените надокнади за прекувременото работење на судот му додаде дека морало да спие со пејачката за време на нејзината турнеја „Monster’s Ball“ во текот на 2010 година.

„Морав да бидам покрај неа 24 часа дневно, седум дена во неделата. Тоа вклучува и спиење во ист кревет со Гага, затоа што она никогаш не спие сама“, изјави пејачката за странските медиуми.

Џенифер додаде дека таа била единствена особа од тимот на пејачката што немала сопствена соба.

„Немав никаква приватност. Не можев да се слушнам со мојата фамилија, да работам било што. Не можев да имам ни секс ако посакав, практично не можев ништо“, огорчено вели асистентката која тврди дека Гага и должи 380.000 долари за прекувремената работа.

 

Ова не е прв случај за ваков тип на тужба, пред некое време Џастин Бибер ја заработи од неговиот поранешен телохранител.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.