Џастин Тимберлејк: Бритни Спирс е кучка затоа што ме изневеруваше!
Џастин Тимберлејк наводно ја навредил својата поранешна девојка Бритни Спирс која ја окарактеризирал како кучка затоа што го изневерувала додека биле во врска.
Тимберлејк во саботата вечерта настапил на хуманитарната забава за „Super Bowl“ во Њу Орлеанс, а пред да го отпее својот голем хит „Cry me a river“, кој го посвети на Бритни по нивното раскинување во 2002, добро ја окарактеризира Бритни.
„Некогаш во животот мислите дека сте ја нашле онаа вистинската. Но, еден ден ќе сфатите дека таа е најголема кучка“, рече Џастин пред своите фанови. Неговата врска со Бритни траеше три години а наводно пукна кога тој дозна дека таа го изневерува.
Иако минатиот октомври се ожени со неговата девојка Џесика Бил, најверојатно тој сеуште не може да се ослободи од лошите спомени со Бритни.
