Ким Кардашиан лансира нов парфем!

Објавено на 4 февруари, 2013 во 12:55

Старлетата Ким Кардашиан во септември на пазарот ќе го издаде шестиот по ред парфем под наслов „Pure Honey“.

Карашиан за странските медиуми изјави дека парфемот ја претставува чистата женственост а има мирис на диво саќе и ружа.

„Бев вклучена во целиот процес на изработка на парфемот, од почетокот до крајот. Од дизајнот на шишето до кампањата. Имав идеја парфемот да содржи мирис на мед, па така малку се оддалечив од цветните ноти“, вели Ким за странските медиуми.

Цената на пафемот ќе биде 55 долари за шише од 50 милилитри, а шишето од 100 милилитри ќе чини 68 долари.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.