Погледнете како изгледа Џони Деп како Индијанецот Тонто во „Осамениот Ренџер“
Објавено на 4 февруари, 2013 во 12:57
По големиот успех што Деп го доживеа во „Пиратите од Карибите“, тој сега има нова трансформација за филмот „Осамениот Ренџер“, каде го игра Индијанецот Тонто.
Глумецот чија баба припаѓала на едно од автономните индијански племиња, е прав поглавар на пелемто во новиот филм.
Првиот трејлер за „Осамениот Ренџер“ премиерно беше прикажан вчера на „Super bowl“ натпреварот, а реакциите на гледачите беа позитивни, што не не изненади со оглед на атрактивните маски и гардероба.
Сите ја знаат стрип верзијата на „Осамениот Ренцер“, а филмот ја носи приказната за тоа како се родило големото пријателство помеѓу маскираниот одмазник и Тонто.
Погледнете како изгледа Џони Деп како Тонто:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=q42DrlOczi0|308|200|0{/youtube}
