Какво значење имаат боите на розите ?
Корпа, букет, само една роза… ниту една жена нема да ги прими рамнодушно. Откријте која порака ја носи бојата на цветот кој ќе го добиете/подарите.
Црвена: Љубов и романса
Еден од најуниверзалните симболи на љубовта е црвената роза. Таа преставува искрени чувства, а се јавува и како политички и историски симбол. Секогаш е знак на искреноста.
Жолта: Пријателство, радост, оздравување
Жолтата боја е во тесна врска со симболот на Сонцето, жолтите рози имаат намера да ги расположат луѓето. Тие праќаат порака за платонска љубов, без романтичен контекст како другите рози. Изборот на жолта боја преставува радост и задоволство.
Розева: Љубов, благодарност, уживање
Розевата боја има конотација на елеганција и милост, поетична романтика. Темно розевата боја е одраз на благодарност, таа е традиционален начин некому со помош на цвеќе да му кажете „Благодарам“. Светлата нијанса значи негување на симпатија, восхитување.
Бела: чистота, невиност, симпатија, духовност
Порано белата роза била симбол на вистинска љубов, а сега е чест избор за правење на бидермаери, за венчавки. Белата преставува единство, чистота, радост на новата љубов. Белите рози се поврзани и со чувството на чест и почит.
Портокалова: Желба, ентузијазам, страст
Тие се израз на маѓепсаност и зборуваат: „Горд сум на тебе“. Портокаловите рози се буквален микс на жолта и црвена, и по бојата и по значењето.
Виолетова: Љубов на прв поглед, величество, волшепство
Оваа боја се смета за кралска, благородничка боја. Ако добиете рози со боја на лаванда да знаете дека вашиот избраник за вас мисли се најдобро, возвишено и прекрасно.
