Интересни факти

Објавено: 10 февруари, 2015, во 07:05 часот

Жените трепкаат два пати повеќе од мажите.

Просечна личност во текот на животот поминува растојание еднакво на 4 обиколки околу Земјата.

Рубиковата коцка може да се реши со 20 или помалку потези.

Сладоледот од ванила опфаќа 1/3 од вкупниот сладолед кој се продава низ светот.

Само 10 % од населението на Земјата живее на јужната хемисфера.

70 % од црвеното месо кое се јаде низ целиот свет е токму козјото месо.

Просечната длабочина на океаните е околу 4.3 км.

Специфичната боја на пердувите фламингото ја добива поради храната која ја јаде.

Без оглед дали трчате или пешачите, губите 60 калории на 1 километар.

Земјата е погодена од молња околу 8 милиони пати дневно.

На планетата Земја има повеќе пилиња и кокошки отколку луѓе.

Луѓето се раѓаат со 300 коски, но со текот на годините дел од нив се спојуваат, па возрасниот човек има 206 коски.

Околу 97% од водата на Земјата не е погодна за пиење.

Популацијата на кенгури во Австралија понекогаш ја надминува популацијата на луѓе и тоа во сооднос 2:1!

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.