Најпознатата новогодишна елка со 50.000 сијалички и ѕвезда од три милиони „Сваровски“ кристали блесна среде празниот Менхетен
Објавено на 4 декември, 2020 во 10:17
04.12.2020
Традиционалното вклучување на светилките на елката пред центарот „Рокфелер“, кое секоја година со нетрпение го очекуваат илјадници луѓе и туристи во Њујорк, годинава изгледаше сосема поинаку.
Елката блесна на празната локација која во вообичаени услови „врие“ од луѓе.
Украсена е со 50.000 шарени ЛЕД-сијалички, а на врвот е поставена sвезда од 400 килограми, изработена од три милиони „Сваровски“ кристали.
Оние кои ќе сакаат да ја видат елката ќе мора да ги следат пропишаните правила.
Платото каде што е дрвото ќе биде физички одвоено од јавноста, а наместо тоа ќе има посебни видиковци во центарот на Менхетен од двете страни на новогодишната елка.
Мите Јаначков