Изненадувачки потег: Џеф Безос се повлекува од лидерската позиција на Амазон
03.02.2021
Џеф Безос ја напушти челната позиција во „Амазон“, соопшти компанијата.
Како што се наведува, тој ќе премине на местото извршен претседател на бордот директори на компанијата. Во писмо до вработените во „Амазон“, Безос објави дека во иднина ќе се фокусира на нови производи и рани иницијативи.
„ Да се биде извршен директор на „Амазон“ е голема одговорност и е многу напорно. Кога имате таква одговорност, тешко ќе го насочите вниманието на што било друго“, наведе тој.
Безос изјави дека и понатаму ќе учествува во важни иницијативи во „Амазон“, како и дека планира повеќе да се посвети на филантропијата и другите интереси, како весникот „Вашингтон пост“ и „Блу Ориџин“.
На негово место доаѓа Енди Џеси, кој работи во „Амазон“ од 1997 година и ги води веб услугите на компанијата. Безос ја основа „Амазон“ во 1994 година и тогаш од е-книжарница ја претвори во мега онлајн трговија на мало, која продава и испорачува различни производи низ светот.
Мите Јаначков
