Ќе се снима нова холивудска преработка на „Волшебникот од Оз“ ?

Објавено на 10 февруари, 2021 во 09:50

ea ozsquareposter

10.02.2021

Холивуд се подготвува да направи уште едно патување по патеката од жолти тули со римејк на класичниот филм „Волшебникот од Оз“, еден од најславните филмови на сите времиња.

„Њу лајн синема“, единица на студиото „Ворнер брос“ од AT&T Inc, во вторникот соопшти дека развива нов поглед на приказната за Дороти и нејзината посета на Земјата на Оз, што е детално опишана во детската книга на Лиман Франк Баум „Чудесниот волшебник од Оз“ објавена во 1900 година.

Никол Касел, извршна продуцентка и сценаристка на хит-серијата на ХБО Watchmen („Чувари“) која освои „Еми“ награда, ќе го режира новиот филм, соопшти студиото.

Мите Јаначков                                                                                                                     

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.