Неверојатно, но возможно: Македонци со велосипеди го искачија највисокиот врв во Африка, на планината Килиманџаро
Објавено на 19 февруари, 2021 во 10:06
19.02.2021
Тројца Македонци, Лазо Миновски, Никола Нешкоски и Иља Деревјев направија неверојатен подвиг, со велосипед ја искачија највисоката планина во Африка, Килиманџаро во Танзанија.
Предизвикот беше завршен вчера кога го искачија највискиот врв во Африка, Ухуру кој е висок 5.895 метри.
Миновски, Нешкоски и Деревјев, својот поход, со кој станаа единствени Македонци кои со велосипеди се искачиле на највискиот врв во Африка, го започнаа на 14 февруари од градот Аруша, кој се наоѓа на надморска височина од 1.400 метри.
Последната етапа од 1.195 метри ја започнале на полноќ по локално време, а ја завршиле за пет часа и триесет минути.
Мите Јаначков