Кои предности, а кои недостатоци ги носи бројот на испиени шолји кафе во текот на денот ?

Објавено на 24 февруари, 2021 во 09:38

turksh coffee

24.02.2021

Сите сме сложни дека кафето ни е омилен и секојдневен пијалок. Но треба да бидеме свесни дека кафето има свои магични предности, како и опасни недостатоци кои зависат од количината испиена на дневна основа.

Откријте како бројот на испиени шолји кафе на ден може да влијае на вашето тело, здравје и расположение.

Една шолја на ден

Предности: Чаша кафе на ден го регулира крвниот притисок и позитивно влијае на нервниот систем. Кафето е одличен антиоксиданс и ја стимулира мозочната активност.

Недостатоци: Една шолја кафе е доволна за да ви го наруши сонот и да ве остави будни во текот на ноќта бидејќи потребни се цели 8 часа за кофеинот целосно да исчезне од телото. Избегнувајте кафе доцна вечер и уживајте во утринскиот ритуал.

Две шолји на ден

Предности: Оваа количина кафе на дневна основа е одлична превенција против Алцхајмерова болест, односно, од толку голема доза на кофеин, се зголемува количината на протеини во мозокот, што влијае на губење на меморијата. Пиење 2 шолји кафе 30 минути пред напорни активности ќе му дадат на вашето тело одлична доза на енергија.

Недостатоци: Две шолји кафе во бременоста е предозирање со кофеин затоа што влијае на производството на хормоните кортизол и адреналин и може да предизвика спонтан абортус.

Три шолји на ден

Предности: Три чаши кафе на ден спречуваат рак на јајници кај жени. Оваа количина црн пијалок има позитивен ефект врз мажите бидејќи спречува формирање камења во жолчката.

Недостатоци: Оваа доза на кафе на дневна основа поради големата количина на кофеин го зголемува ризикот од срцев удар.

Четири шолји на ден

Предности: Четири шолји кафе содржат околу 400 милиграми кофеин, што е многу моќен антиоксиданс што го чисти организмот и помага во борбата против разни форми на тумори, рак на простата и дијабетес тип 2.

Недостатоци: Голема количина кафе на ден може да доведе до ревматоиден артритис и да предизвика нервоза.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.