Лувр ги отвори вратите: Виртуелно прошетајте низ најпознатиот музеј во светот
01.04.2021
Францускиот музеј Лувр не само што е место на кое се наоѓаат некои од најпознатите слики на сите времиња, туку е и најпосетениот музеј во светот.
Бројот на посетители се промени во текот на изминатата година поради ситуацијата со пандемијата, но добрата вест е што сега може виртуелно да го посетите овој музеј. Можеби не е исто како кога би ги гледале овие уметнички дела во живо, сепак претставува одличен потег којшто ќе ги израдува сите љубители на уметноста.
За првпат, целата колекција во Лувр е достапна онлајн, повеќе од 482.000 дела може да ги видите бесплатно. Може да побарате одредено дело или конкретен уметник, да истражувате просторија по просторија со помош на интерактивна мапа којашто редовно се ажурира.
Сајтот на музејот е поделен на три дела и е достапен на француски, англиски, шпански и кинески јазик, а првенствено е наменет за мобилни телефони. Сите промени во колекцијата ќе бидат ажурирани и виртуелно, а ќе има и нова дигитална содржина интересна за посетителите.
Повеќе информации може да дознаете овде.
Мите Јаначков