Почна првиот македонски онлајн Саем на книга на kniga.mk

Објавено на 20 април, 2021 во 07:53

saem

20.04.2021

Првата македонска интернет-книжарница добива нов изглед и ја продолжува традицијата на организирање пролетен Саем на книгата,ново онлајн саемско искуство од 19 до 30 април на првата македонска интернет-книжарница – www.kniga.mk

Веб-книжарницата која речиси 20 години ги поврзува книгите и читателите нудејќи виртуелно книжевно искуство од денес ги отвора вратите на својата нова и модерна книжарница која оди чекор понапред во дигитализација на својата понуда и со извонреден избор на печатени, но и електронски изданија достапни за сите читатели, во секој дел од светот. Изборот што го нуди kniga.mk е единствен – читај електронски книги на својот уред веднаш, или нарачај ги омилените книги на својата адреса најбрзо и најповолно!

Оваа година, во чест на Светскиот ден на книгата и традицијата на одржување пролетен Саем на книгата, kniga.mk организира ново онлајн саемско искуство.

Од вчера, па сѐ до крајот на април, избор од над 600 изданија од ТРИ, Паблишер, но и од уште 13 други издавачи ќе бидат на попусти до 70 %, а испораката над 1.000 денари ќе биде бесплатна. Оваа саемска понуда ќе биде достапна за сите читатели, а процесот на нарачување на книгите и испораката што ги нуди kniga.mk се брзи и безбедни. Од денес, секој има Саем на книгата дома!

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.