Домаќински совети за џабе
Никогаш не е доста од домаќински совети.
Одвоивме интересни факти кои ќе ви ја олеснат работата дома.
Свеќи
На украсните свеќи, обоени, лакирани и миризливи кои ретко се палат лесно привлекуваат прашина. Сјајот ќе им го вратите ако внимателно ги измиете со млака вода во која е растопен сапун.
Сапун
Остатоците од сапун, кога добра ќе се исуши може да се користи како кројачка креда -за поправка на облека.
Сендвичи
Сендвичите кои ви останале од некој прослава, не ги фрлајте. Ставете ги во намачкано тавче со масло и следното утро загрејте ги во топла рерна и послужете ги за доручек
Масло на хартија
Ако на некој важен документ ви се истури масло, не очајувајте. Ставете врз и под документот хартија за впивање и врз нејзе поминете со млака пегла. Повторете го ова неколку пати со тоа што секој пат ќе ставате ново парче хартија.
Прашина и екран
За да не се собира прашина на екранот, повремено премачкувајте го со сок од лимон.
Крпа
Ако крпата од еленска кожа (за бришење на прозори и автомобили) се стврдне, тоа значи дека ја изгубила својата првобитна состојба поради перењето со современите детергенти. Во тој случај, потребно е да ја потопите во млака вода и добро да ја триете со стариот домашен сапун кој содржи масти.
Гума за џвакање
Ако вашата гума за џвакање се залепи за некој дел од облеката пробајте да го оставите 2-3 часа во фрижидер. После тоа многу лесно ќе може да ја отстраните замрзнатата гума за џвакање.
Цигри
Доколку имате голема количина на цигари, чувајте ги во кутија за зеленчук во фрижидер, така подолго ќе останат свежи.
Сол
Цвеќето во вазна подолго ќе остане свежо, ако во водата со која го налевате ставите малку сол.
Вода и месо
Украсните растенија полијте ги со вода во која претходно сте го миеле месото.